сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради одлуката на македонскиот парламент да пристапи кон промена на уставот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Преживувам парадокс. Поднесувам оставка, а истовремено се чувствувам среќен“, изјави Коѕијас при денешното предавање на функцијата на премиерот Алексис Ципрас, кој отсега ќе раководи со министерството.

Дипломатот кој беше главен преговарач за постигнување на договорот за името ја опиша одлуката на македонските пратеници како чекор напред, а освен тоа им заблагодари на македонскиот премиер Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и оние 80 пратеници кои синоќа гласаа за договорот.

 

Што се однесува до обвинувањата против него дека управувал со тајни фондови во грчкото министерство што служеле за финансирање на македонски медиуми, тој ги отфрли како одвратни.

 

извор: макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top