четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Како одекна веста за гласањето за уставни измени во регионот: Тешка ноќ во Скопје, Македонија и официјално го менува името

„Македонија нема повеќе да се вика така“-напиша Информер .рс, во текстот под наслов Тешка ноќ во Скопје. Медиумите од регионот будно ги следеа синоќешните настани во македонското собрание и известуваа за гласањето за уставните измени.

Српски „Блиц“ пишува дека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“ уставните измени ќе бидат ослободени од обвиненија и што барале од Заев за возврат доколку ја сменат страната. Таму се посочени осумината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што пишува „Блиц“, превагнаа да се достигне бројката од 80 пратеници кои гласале за уставните измени.

„Македонија и официјално го менува името“ е насловот на српски „Курир.рс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top