четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

– Македонија го избра патот на евроатланската интеграција и направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот наш регион. Македонскиот парламент синоќа даде пример за обединување на сите партии за доброто на граѓаните и нивната држава. Државата се зајакнува и интегрира кога народните избраници ги носат вистинските одлуки и ги надминуваат политичките интереси за државните интереси. Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава. Мирот и стабилноста во регионот се зајакнуваат само со докажување на определбата во евро-атлантската ориентација и со напорно работење за интеграцијата во европското семејство, напиша Тачи на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top