четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Мицкоски: Исмајловска, Канческа – Милевска, Мукоски, Александрова, Арнаудов, Василевски и Рамчиловиќ не се повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ

На предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Извршниот комитет на партијата, кој заседаваше вечерва по изгласувањето на пристапување кон уставни измени, од партијата беа едногласно исклучени седумтемина пратеници кои гласаа „ЗА“ и му обезбедија 2/3 мнозинство за отворање на Уставот на Република Македонија и промена на уставното име.

Од вечерва повеќе не се членови на ВМРО-ДПМНЕ пратениците: Нола Исмајловска, Елизабета Канческа – Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.

Мицкоски им изрази благодарност и голема почит на пратениците кои им одолеале на притисоците и уцените.

-Вие сте пример како се брани својата земја и својот народ.

За осумтемина пратеници од опозицијата, без оглед што се опфатени со обвиненија, Мицкоски не само што не изрази жалење, ами нагласи дека не ја оправдува нивната постапка.

-Ние не одбираме каде ќе живееме, но самите одбираме како ќе живееме, со каков углед и каква чест, а угледот и обврската пред граѓаноте е поголема и поважна од каков било притисок или закана. Најпосле, треба да се биде свесен дека има пратеници кои исто како и тие кои гласале за уставните измени се опфатени со политичкиот прогон, но се одважија и гласаа во согласност со партискиот став и во согласност со волјана на граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски кажа дека оние кои гласале го разочарале него, но што е уште поважно си ја разочарале и татковината со што, како што нагласи, ќе треба да живеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top