четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 104 ново

Не ви е горчливо, корумпирани едни?!

Не ви е горчливо, прашува новинарката Жената Трајковска од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во статус објавен на Фејсбук непосредно по изгласувањето да се пристапи кон уставни измени. Статусот е насочен главно кон осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, кои на Заев му го обезбедија потребното 2/3-ско мнозинство за отворање на Уставот и промена на уставното име на Република Македонија.
„Корумпирани политичари и криминалци не доведоа до ова дереџе и истите тие гласаа за… кој тазе пуштен од притвор, кој со лажна диплома, кој со кривични за своите деца…
Мислам, се е ок така?! Ич никому не му текнува дека нешто малцеее подзамирисува?! Или ова е ситничарење и барање влакно во јајце, и никако не е да прашаш што ги натерало овие фацулиња да гласаат за. 
Ама ич не е за честитање. Поздрав до судството. Аве Цезаре!“, пишува во статусот на Трајковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top