четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 37 ново

Осмиот пратеник договорен во Кабинетот на Џафери (ФОТО)

СМС-преписка на пратеници на владејачкото мнозинство открива што се случувало попладнево во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, каде што присустввуаа премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Важи брат. Само храбро…. тука за се што треба. Да ја истераме работава. Имаме инфо за осмиот или уште се чека?“

„Имаме, во моментов е горе кај Талат и Заев ќе биде“.

Заев, Ахмети и Бејли во кабинет кај Џафери

На власта ѝ се потребни 8 пратеници од опозицијата за да го отвори Уставот.

Претходно, на прес-конференција секретарот Игор Јанушев обвини дека на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ им бил понуден поткуп и до 2 милиони евра за да гласаат за уставни измени.

Јанушев: На еден пратеник му се понудени 2 милиони евра, на друг 1 милион, на трет 250 илјади евра (ВИДЕО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top