четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 96 ново

Јанушев: На еден пратеник му се понудени 2 милиони евра, на друг 1 милион, на трет 250 илјади евра (ВИДЕО)

Ако не се бориш, веќе си загубил. Решеноста да се бориш, значи половина добиена битка. ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против оваа власт, влезе во битка за Македонија во моменти кога на власт се наоѓа неодговорна, криминална и неспособна политичка елита. Денес се случува вистинска драма. Структури на власта и структури кои одработуваат за оваа власт вршат жестоки уцени и закани и притисоци врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

-Собранието на Република Македонија се претвори во пазар и арена за притисоци, закани и уцени. Денес добива совршена смисла се она што се случуваше во изминатата година. Во Македонија се апсат луѓе поради полициски прогон, а денес се прави обид да се тргува со нивната слободата, а за возврат се бара  да гласаат за уставните измени произлезени од договорот со Грција. Се ветуваат награди за послушните, а доколку не се прифати, се местат сведоци, се креираат случаи. Се врши влијание врз блиски роднини на пратениците. Се врши заплашување. Политичкото обвинителство да ибвинува, политизираното судство да суди, а Заев да договара товари или да ослобидува луѓе, обелодени Игор Јанушев на прес-конференција.

Тој наведе неколку примери.

-На еден пратеник му понидија милион евра за да гласа, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиони евра. Сето ова е одбиено, бидејќи достоинството нема цена, истакна Јанушев и додаде дека дополнително се ангажирани полициски и структиру на безбедносните служби, а околината на Собранието „е под опсада на луѓе со бричени глави познати на подземјето“.

Тој до премиерот Заев упати прашање дали има алал во таквите постапки.

-Господине Заев има ли алал во ова? Дали сте свесен господине Заев што правите и во каков амбис ја водите државата? Тргнете ги рацете од волјата на народот и оставете пратениците слободно да одлучуваат. Никаде во светот нема киднапирано Собрание и  расправа која ќе се закаже се додека се постигне потребното мнозинство за кое власта решило дека мора да се постигне. Ова е невиден преседан.

Се ова ќе ви се врати како бумеранг, ова не се демократски вредности, ова не е за Европска Македонија за која наводно се боревте, ова е диктатура на неколкумина врз мнозинството.

Ова што Заев денес го нарекува обиди за создавање на мнозинство, во реалноста е насилие, насилие токму врз македонскиот народ, рече Јанушев.

-Во Собранието повеќе од присуството на Зоран Заев е потребно присуството на јавното обвинителство кое мора веднаш да преземе мерки, и да се испитаат сите наводи за противзаконско и противуставно работење, сите закани, сите уцени, и притисоци.

Дозволете во оваа прилика да им одадам признание на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија кои не подлегнаа на притисоците и заканите, кои  во овие моменти се стожерот врз кој се потпира волјата на граѓаните, вие сте последната брана пред оваа налудничава и недемократска Влада и наша заедничка обврска е да опстоиме. И ќе опстоиме. И ќе победиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top