четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Владиката Тимотеј: Не верувам дека грчки црни фондови има во кругот на МПЦ

Едниот, односно третиот код од црните пари на грчкото Министерство за надворешни работи, се однесувал на средствата, што биле распределени за поддршка на православни цркви и на православието во целина.

Со оглед дека станува збор за множина, за православни цркви, се отвори дилемата дали можеби дел од нив се однесувале и на МПЦ-ОА. Зошто, речиси паралелно со одвивањето на преговорите за договорот со Грција, нашата црква во два наврати се најде во ситуација да бара решение, како за нејзиниот статус, така и за името. Прво се обрати до Бугарската православна црква да и биде мајка, а подоцна и до Вселенската патријаршија.

За објаснување дали грчките црни пари имаат некаква врска со МПЦ-ОА, Пресинг Тв се обрати до портпаролот на Светиот синод, г.Тимотеј, кој изјави:

  • Немаат никаква врска, барем мене не ми е познато и не верувам дека има такви средства во кругот на МПЦ – вели тој за „Пресинг ТВ“.

На Црковно-народниот собор, што на почетокот на месецов се одржа во Охрид, во јавноста остана отворено прашањето дали има единство во ставовите на владиците, што тие ги презентираат пред верниците, а се однесуваат на договорот со Грција. Дел од нив јавно го поддржуваа, а дел беа против.

  • Денес не само што се одрекува македонската црковна автокефалност, туку се негира и македонскиот национален идентитет, а се загрозува и опстојот на македонската национална држава. Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид – изјави на соборот во Охрид, владиката Агатангел, митрополит повардарски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top