вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

За некого уште е сон: Просечната нето плата за август 24.210 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (14.2%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%), Рударство и вадење на камен (2.0%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (1.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top