четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 103 ново

Снимката што го обиколува светот: Заводникот меѓу тенисерите предолго ја гушкал Јелена, па Ноле изреагирал вака (Видео)

Новак и Јелена Ѓоковиќ беа пречекани на аеродромот во Прага од страна на чешкиот тенисер Радек Штепанек, кој донесе и букет цвеќе за поубавата половина за својот „ривал“.

Друштво му правеа и еден куп новинари и фоторепортери на аеродромот, па така настана и симпатичната видеоснимка, која го обиколи светот.

Имено, домаќинот прво го изгушка Ноле, а потоа и Јелена. По срдечниот разговор со неа, одлучи повторно да ја прегрне, но тоа изгледа не му се допадна на нејзиниот сопруг, кој ги раздели духовито коментирајќи:

-Не толку долго!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top