сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Сега е заедно со својот Гаги на небеската сцена: Србија плаче по најголемата филмска легенда!

Легендата на српското и југословенското актерство, Милена Дравиќ ќе биде денеска погребана во Алеата на великаните на Новите гробишта во Белград.
Комеморацијата по повод смртта на Милена Дравиќ беше одржана на сцената на „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот Звездар.
– Беше најголема, само да поживееше уште малку, но не можеше без својот Гаги, сега се заедно – ова го кажа еден од колегите.

По овие зборови цела сала беше во солзи.

На комеморацијата присуствуваа семејството, голем број на пријатели, колеги од театарот и естрадни уметници.

Милена Дравиќ почина на 14 – ти октомври по тешка болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top