четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 43 ново

Земјата на која лежело едно од убиените момчиња во “Монструм” се совпаѓа со земјата најдена на возилото “опел омега”

Земјата на која лежело едно од убиените момчиња кај Смиљковското Езеро се совпаѓа со составот на земјата пронајдена на блатобраните на автомобилот “опел омега”. Ова е сведочењето на вештакот Снежана Николовска, вработена МВР, на денешното судско рочиште за случајот “Монструм”.

“Анализата покажа дека земјата земена од блатобраните и земјата до едно од мртвите момчиња се совпаѓаат. Ова значи дека се совпаѓаат по боја, гранулација и елементарни состојки, појасни вештакот.

Таа истакна дека за анализа и биле донесени пет примероци од земја од кај Смиљовското Езеро, која ја споредила со земјата од блатобраните на возилото.

Со оваа возило, според обвинителството се превезувале дел од извршителите на петкратното убиство.

Вештакот додаде дека таа самата отишла на местото Вражји вир, каде што беше најдено возилото неколку дена по убиството, но анализата покажала дека на блатобраните немало земја од истата локација. Сепак вештакот појасни дека дали ќе се задржи земја на автомобил зависи од временските услови и видот на земјата.

Николовска појасни дека во Вражји вир отишла дури една година по петкратното убиство, а ка ј Смиљковското Езеро не била никогаш бидејќи како што рече работела по наредба, а никогаш ми е било речено да отиде на лице место. Затоа ги вештачела примероците кои и ги донеле колегите од крим техника.

фокус.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top