четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 97 ново

Бебето го извлекува од депресија: Доаѓа детето од епрувета на Бали бег!

Бурак Озчивит, попознат како Бали бег, чека бебе со сопругата и колешка Фахрија Евџен. Конечно е потврдено дека еден од најпопуларните турски актери ќе стане татко во април следната година.

Нивните пријатели потврдуваат дека актерката е во првото тримесечје на бременоста и дека парот е многу среќен. Се шушка дека убавата актерка била на вонтелесно оплодување.

Инаку медиумите неодамна пишуваа за повлекувањето на Бурак од актеркската работа, а причината за тоа била депресија. 33 годишниот актер наводно се борел со анксиозност поради тешкиот период кој го поминал со неговиот татко кој се разболел. Гласините за бременоста на Фахрија почнаа уште пред еден месец, но сега се и официјални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top