четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Европа ја очекува натпросечно топла и сува зима

Метеоролошкиот сервис AccuWeather ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.

Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.

– Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува AccuWeather .

Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.

Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.

На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно време.

Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top