вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 39 ново

Им го подреди животот за 9.500 евра плата месечно: Еве како живее дадилката на идните кралеви!

Марија Тереза Турион Борало (43) е кралска дадилка која им помага на војвотката Кејт Мидлтон(36) и принцот Вилијам(36) во подигнување на нивните три деца.

Приватниот живот го подредила на работата, а за сето тоа добива околу 9.500 евра месечно.

Марија ќе го чува и бебето на Меган Маркл(37) и принцот Хари(34) кои деновиве ја споделија веста дека го очекуваат првото дете.

Кралските деца до 2014 година ги чувала Џеси Веб, која ги израснала и принцовите Вилијам и Хари. Кога наполнила 72 години, после строгите проверки, ја заменила Марија Тереза. Дадилката завршила најпрестижни факултети, чие финансирање го покрило кралското семејство.

Дадилката живее со кралското семејство и мора да им биде допстапна нон стоп, по цел ден и ноќ. Во моментов живее со Кејт и Вилијам во нивниот апртман. Има и свој приватен апартман во куќата.

Освен грижата за децата, кралската дадилка мора да пере, шета кучиња и подготвува здрава храна. Марија, како повеќето кралски дадилки, никогаш не се мажела.

Кралските дадилки се дружат само со аристократи, не смеат да се шминкаат, а од накит смеат да носат само мали обетки и нараквици.

Безбеднсота на децта е на прво место, па дадилката мора да има завршено курс за одбрана од напаѓачи. Еден од условите е да зборува повеќе јазици, знае добро да вози и добро да плива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top