недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Стејт департмент: Лидерите во Собрание да ги надминат партиските политики

The entrance of the main offices of the United States Department of State located on C St in Washington, DC. which was recently named the Harry S. Truman Building. (Photo by Greg Mathieson/Mai/Mai/Time Life Pictures/Getty Images)

САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели претставник од Стејт департмент во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Американскиот функционер, на прашањето за оставката на Никос Коѕијас, рекол дека „му се заблагодаруваат за покажаната особена посветеност за зајакнување на односите САД – Грција и за придонесот во постигнувањето на историскиот Договор од Преспа“.
– САД цврсто ја поддржуваат целосната имплементација на договорот, кој ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи за регионална стабилност, безбедност и просперитет. Бидејќи во македонското Собрание продолжува расправата за уставните измени ги поттикнуваме лидерите да ги надминат партиските политики и да ја искористи оваа историска можност за да се обезбедат подобра иднина за земјата како полноправна членка на западните институции, рекол претставникот на Стејт департментот за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top