четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 107 ново

Се налути: Трамп ќе ја испрати американската војска на границата ако Мексико не ги запре мигрантите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја затвори границата со Мексико поради нелегалната имиграција, пренесува „Спутник“. Трамп на „Твитер“ напиша дека Демократската партија го предводела „нападот” на границите на САД, додавајќи дека лидерите на Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор прават малку за да го спречат бранот мигранти од нивните земји.

-Освен што ќе ги прекинеме сите исплати кон овие земји, кои се чини дека немаат речиси никаква контрола врз нивното население, мора најостро да побарам од Мексико да го прекине овој напад – а ако тие не можат да го сторат тоа, ќе ја повикам американската војска и ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ НАШАТА ЈУЖНА ГРАНИЦА – напиша Трамп.

Претходно, американскиот претседател се закани дека ќе ја блокира федералната влада ако Конгресот одбие да ги поддржи барањата на неговата администрација за безбедноста на границите и за ѕидот по должина на границата со Мексико. Градење ѕид на јужната граница на земјата за да се спречи шверцот со дрога и нелегалната имиграција беше едно од клучните предизборни ветувања на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top