сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Николоски за „воспитната“ на провладините медиуми: Лажните вести не можат да ја победат вистината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ги демантираше оркестрираните дезинформации во провладините медиуми, дека сестринските партии се разочарани од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквите наслови кои немаат никаква врска со содржината на веста, нити покажуваат едно професионално ниво, зборуваат многу за тој којшто ги напишал, а не за тој на кој се однесуваат. ВМРО ДПМНЕ останува посветено на соработка со нашите пријатели од ЕНП ( EPP), а лажните вести не можат да ја победат вистината, пишува Николоски.

Инаку, Николоски, во вторникот се обрати конференцијата на ЕПП насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“, каде посочи дека соработката помеѓу Западен Балкан и ЕУ е клучна за стабилноста на регионот, а само јасен пат кон членството во ЕУ на сите земји во регионот е клучот за успех.

Тој меѓу другото, подвлече и дека прифаќањето на промената на Уставот беше црвената линија што ниту една друга Влада во Македонија не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат Договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top