четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 104 ново

Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун

Македонската филхармонија со нескриена радост го најавува концертот „Борба, надеж, победа“, на кој овој петок (19 октомври) во 20 часот, ќе биде изведена капиталната Симфонија бр. 9 од музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен!

Уште една причина да се биде на овој грандиозен музички настан, е присуството на врвниот диригент од Австрија, маестро Густав Кун, кој првпат гостува во Македонија.

Во една од најмонументалните симфонии на сите времињаучество ќе земат и извонредните солисти: Софи Горделадзе – сопран (Грузија), Џорџ Винсент-Хамфри – тенор (САД), Михаел Купфер – бас-баритон (Германија) и Марта Лоти – мецосопран (Италија), како и Филхармонискиот хор „Светослав Обретенов“ од Бугарија и македонскиот хор „ПроАрс“.

Бетовеновата „Деветта“, уште од нејзината премиера во Виена, на 9 мај 1824 година, кога Бетовен веќе бил потполно глув, диригирајќи без вистински контакт со музичарите поради што за малку бил избегнат дебакл, станува едно од круцијалните дела во музичката историја.

Нејзиниот четврт став, „Ода на радоста“ е усвоен од страна на Советот на Европа во 1972 година и во Европската Унија се користи од 1986 година како Химна на Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top