четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Мисајловски: Влада е како снежна топка која надолу се тркала по планината

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски ја спореди актуелната влада со снежна топка која надолу се тркала по планината, а во својот слободен пад како лавина сака да ги опфати сите на патот само да не се стопи и распадне сама.

Во статусот објавен на Фејсбук тој вели дека владата досега не покажала европските вредности и изразува ветување дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да нѐ повлече во нејзината снежна топка која тргнала по удолницата.

„А лавината како да нема крај :

-Катастрофална економија ,
-нерасчистени убиства што стануваат секојдневие,
-запирање на капитални проекти,
-наместени тендери на дневно ниво,
-корупција како најака особина на власта,
-набавка на лубриканти,
-кеш иновација за секој функционер,
-стопирање на автопати,
-прогонети актери и патриоти,
-неуспешен референдум,
-полнење кутии и најбрзо ставени гласачки ливчиња со просек од 5 секунди по глас,
-гафови и срам на дневна основа,
-прогон кон секој што размислува различно,
-угнетување и забрана на мисла и пишан збор,
-лажна транспарентност а сурова пропаганда,
-фабрикувани судски постапки,
-вработувања само за своите најблиски,
-пропаст на странските инвестиции,
-продажба на национални интереси,
-штетни договори за својата татковина,
-уцени и закани кон секој сегашен и бивш функционер што не е од власта,
-дупки во буџетот наспроти енормни задолжувања,
-укинати ефтини летови,
-укинување на македонската дијаспора и заедница,
-тендери во четири очи,
-порасната акциза,
-нема нови сали и градинки,
-нема нови фабрики,
-нема нови инфраструктурни проекти,
-нема превоз за учениците,
-нема 500 евра плата,
-нема 100.000 денари за докторите,
-нема младинска гаранција,
-нема нов клинички центар,
-нема нови паркови,
-нема нови мерки за загадување,
-неспособност да истераат еден проект од почетот до крај,
-менување историја,
-чочеци за туѓи проекти бидејќи свои немаат ниту почнато,
-пајаци,
-комарци за извоз,
-обвинение за мерцедес што го користат секојдневно,
-стопрена гасификација,
-исечени дрва а лажни ветувања за екологија,
-заглавени експресни патишта,
-срамен државен протокол,
-лажни ветувања кои започнуваат со зборот ЌЕ,
-сливи неоткупени,
-праски расфрлани,
-земјоделци необештетени и изманипулирани,
-промена на вековното име Република Македонија како нивен најважен проект,
-очај,
-прогон,
-тортура и неспособност, а листата нема крај и може секој веднаш да ја надополни ………..

Ова не се европските вредности и НЕМА да дозволиме да не повлечете во вашата снежна топка која тргнала по удолницата.

Како што неодамна пишав, ќе ве ИЗДРЖИМЕ И ЌЕ ВЕ ПОРАЗИМЕ !!!
Да Живее Република Македонија !!!🇲🇰“, пишува Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top