четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Морваи: Заборавете на 2025 година како датум на влез во ЕУ

Извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан Хедвиг Морваи истакна дека треба да се заборави 2025 година, како датум за влез на Западен Балкан во ЕУ.

Таа истакна дека така треба да се однесува, бидејќи не е можно да се оствари целта дотогаш.

Морваи наведе дека регионот не ја одработува својата работа, а ЕУ не е подготвена да го смени пристапот кон регионот, бидејќи самата се соочува со тешки предизвици.

Таа го истакна значењето на регионалната соработка и вели дека таа е средство за развој на регионот.

-Треба да се искористи регионалната соработка за да решиме некои тешки прашања, рече Морваи.

Таа оцени дека на почетокот на годината имало некои позитивни чекори во регионот, и од страна на ЕУ, но сега повторно се наоѓаме таму каде што сме биле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top