четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 51 ново

Иско и Марсело ќе го вадат Реал Мадрид од кризата

Првотимците на Реал Мадрид, Иско и Марсело би можеле да се вратат на теренот уште на натпреварот против Леванте викендов. Офанзивниот фудбалер беше опериран на 25 септември, но веќе тренира со тимот и се очекува да запише настап на претстојниот дуел.

Бразилскиот дефанзивец пак настрада при поразот од Севиља со 0-3 на 26 септември, кога заработи повреда во потколеницата на десната нога, но од понеделникот, исто така работи со останатите.

Се очекува тренерот Хулен Лопетеги сепак да биде внимателен со нив, но постои веројатност да им даде минути уште против Леванте. Најважно за него останува дербито со Барселона кое ќсе одигра на 28 октомври.

Враќањата на оvие провимци на теренот се одлична вест за навивачите на Реал, кои го гледаа својот тим како се мачи во последните неколку меча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top