четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Расправата за уставните промени ќе продолжи в петок

Претседателот на Собранието Талат Џафери во средата го закажа продолжението на пленарната расправа за уставните измени за утре.

Од парламентарното мнозинство велат дека има многу важни закони што треба да бидат донесени, како што е законот за стечај, и кои треба да бидат разгледани на утрешната собраниска седница. Според најавите, во петок се очекува да се пристапи кон гласање на владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повикаа на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top