сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Реновирани одделенијата за дигестивна хирургијa, Клиниката доби нов изглед

Клиниката за дигестивна хирургија доби нов изглед со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа, со што пациентите имаат значително подобри услови за лекување и третман.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче ја посети оваа клиника, а директорот Зоран Караџов, му ги презентираше сите новини на одделенијата.


Станува збор за реновирање на двата спрата на Клиниката за дигестивна хирургија, односно оддел А и оддел Б. Заменети се сите прозори и влезните врати во собите, но и нова влезна врата на сензор.
Покрај ова, направена е и комплетна промена на таванот, заменети се и реновирани сите тоалети и нови санитарии.


Во рамки на реконструкцијата, напрaвени се нови пултови, поставени се нови држачи во ходниците.
Одделението е реновирано со помош на Јапонска амбасада, но и со донации од општествено одговорни компании и лица, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top