четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

„Во ред е, ја имам мојата сопруга“, Хари одби чадор, бидејќи Меган го штити од дождот (Видео)

Тие со секое нивно појавување покажуваат колку се заљубени и опуштени, за разлика од останатите кралски членови.

Додека Хари зборуваше за сушата која го погодила регионот и како тоа влијае на фармерите, небото „се отвори“, а Меган беше покрај него и му држеше чадор за да го штити од дождот.

Кога еден од луѓето на Хари му пријде со чадор, војводата се пошегува и рече: „Во ред е, ја имам мојата сопруга“.

При посетата, тие се дружеа со локалците, фармерите кои го држат регионот и беа на пикник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top