вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Апасиев: Нашите принципи не ги земаме на вересија и на вересија не ги даваме!

Професорот Димитар Апасиев, кој периодов јасно посочува дека пратениците може кривично да одговараат доколку гласаат спротивно од одлуката на народот, денеска на својот фејсбук профил го цитираше Алексо Мартулков, член на Президиумот на АСНОМ и на Собранието на Македонија.

„Мојот помалку познат сограѓанин – велешанецот, социјалист и учесник во двата славни Илиндена – Алексо Мартулков, на Уставотворното собрание што го донесе познатиот Устав на Народна Република Македонија (1946), првиот устав на слободна Македонија, ги изрече следниве зборови кои тежат:
„Нашите ПРИНЦИПИ не ги земаме на вересија и на вересија не ги даваме“!
p.s. Предлагам овие зборови, после пропаднатиот обид за октроирање на уставниве амандмани од страна на СДСМ, со златни букви да бидат врежани на влезот во собраниската зграда“, напиша Апасиев.

Деновиве народните претставници во Собранието дебатираат за потребата од уставни измени за промена на името на државата, додека професорот Апасиев е категоричен дека Собранието не може да го промени уставното име, дури и ако се соберат 80 пратеници. Според него, последниот референдум немал цензус и е неуспешен, а поради тоа важечка е рефрендумската одлука од 1991 година кога граѓаните се изјасниле за суверена и незавинска држава Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top