четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Водителката се огласи по експлодирањето на нејзиниот автомобил

Медиумите денес пренесоа дека автомобилот на водителката на „Пинкови ѕвездички“, Маријана Миќиќ, од марката „голф 4“, експлодирал во движење, а бил управуван од страна на нејзиниот татко, кој е итно превезен од болница, каде што му е дијагностицирана повреда на ужните тапанчиња и на раката.

Маријана се огласи во медиумите со мошне конфузна изјава.

Тој автомобил не е мој. Не се води на мое име веќе седум години“, кратко изјави водителката, а на прашањето дали е нејзиниот татко во добра состојба, остана недоречена:

Не можам да зворувам сега, се брзам“, изјави за „Блиц“.

„Беше силна детонација, излегов надвор и го видов автомобилот кој беше сосема стуткан, но не гореше. По некои 40-60 секунди подоцна изби пожар, а за седум минути пристигна полицијата, а потоа и итната помош, како и пожарникарите. Човекот беше исфрлен надвор од експлозијата“, раскажа една сосетка.

Како што пренесе „Свет.рс“, во автомобилот била подметната бомба, која била активирана со далечински управувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top