четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 103 ново

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против Рама

Обвинителство за тешки кривични дела во Тирана ја запре истрагата за кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против актуелниот премиер Еди Рама.

Одлуката на Обвинителството доцна попладнево ја објави Петрит Васили, координатор на пратеничката група на Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) и партиски потпретседател.

– Обвинителството конечно му се предадено на криминалот и го затвори случајот на Еди Рама. Обвинителството со се глава и ноѕе се предаде на криминалот. Обвинителство кое ги покрива доказите за аудиоприслушувањата за Агрон Џафај, а го повикува на испитување лидерот на ДП Љуљзим Баша и новинари.Дебнешната одлука е потврда дека Обвинителството се предаде. Граѓани!реформата во правосудството е затвор за Вас а покрива секаков зулум на Еди Рама.Срам! Срам! Срам !, напиша Васили на фејсбук.

Опозицијата кривичната пријава против Еди Рама ја поднесена на почетокот на месец јули годинава а истата во обвинителството за доставија Петрит Васили и координаторот на пратеничка група на опозициските демократи Едмонд Спахо.

Се однесуваше на „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога.

– Се обративме до Обвинителството да спроведе истрага против премиерот Еди Рама за попречување на вистината, односно не доставувањето документ од наводната експретиза на прислушувани разговори која божем ја напрвил во некоја од светските лаборатории- изјави Спахо по поднесувањето на пријавата.

И Васили и Спахо тогаш обвинија дека Рама лаже дека е направена експретиза на прислушуваните разговори, зашто за толку кус временски рок тоа не е можно да се направи, а резултатите ги соопштил само усно и не покажал никаков документ.

Претходно Рама изјави дека се добиени резултати од научна експертиза извршена во „најсериозна лабораторија во светот“,дека нема никаков компромитирачки доказ за министерот за внатрешни работи,туку дека станува збор за лага со неавтентичен материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top