четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 50 ново

Росоклија: Гората се тресе, а се раѓа глушец

Професорот Горазд Росоклија преку својот профил на „Фејсбук“ го изнесе својот став за расправата во Парламентот каде се дебатира за промена на Уставот со цел спроведување на договорот со Грција. Професорот напиша:

ШАРЕНИТЕ ПОКАЈНИЦИ
Морален авторитет? Личност?
Ако за да ја смениш власта ја употребуваш негативната енергија на личности без морал, тие луѓе и таа енергија ќе владеат со општеството.

КОГА НАУЧНИК 🙂 КАКО ДР 🙂 ХАН ЖЕСТОКО ЈА КРИТИКУВА МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА, ГОРАТА СЕ ТРЕСЕ, А СЕ РАЃА ГЛУШЕЦ

Кога доктори на науки 🙂 како Хан и други туѓински дипломати на кои Република Македонија им е во срцето, иако им е мачно дури и името да и го изговорат, ги критикуваат македонските политичари, знам дека тие политичари прават нешто добро за Македонија и за Македонците.

БОЈКОТ
Бојкотирајте го собранието ќе ги добиете изборите.
Ослободете се од баластот кој ви е наталожен во партијата, ќе добиете многу избори.
Странците?
Странците кои сега ве притискаат и ве застрашуваат, утре ќе се договараат со вас затоа што тие секогаш се договараат со победникот, секогаш без исклучок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top