вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 54 ново

Момче запросило девојка со бензин наместо со прстен

Момче од Скопје ќе биде запаметено по неверојатното запросување на својата долгогодишна девојка. Тој клекнал на колена пред саканата, а наместо прстен извадил канта со бензин. Девојката била запрепастена. Првично изреагирала бурно, со солзи, но подоцна сфатила дека нејзиното момче е многу досетливо и паметно, дека сериозно размислува за нивната иднина. Иако првично сакала да го полие со бензинот, пет минути подоцна воодушевено извикала „ДА, ЌЕ СЕ ОМАЖАМ ЗА ТЕБЕ“.

-Прво бев бесна, сонував за моментов. Сонував како ме запросуваат како принцеза, онака, со транспарент на небо, со огномет, со многу свеќи и убав златен прстен. И кога мојот најмил клекна пред мене со кантичка бензин добив желба да го полијам и запалам. Но тој успеа да ме смири, објаснувајќи ми дека тој размислува за нашата иднина, дека цената на бензинот вртоглаво расте и за кратко време вредноста на таа канта бензин ќе биде многу повисока отколку сега. Растот на цената на бензинот со сегашната влада е загарантиран, а за растот на цената на златото никој не гарантира. Епа Дојде живот и за мене, на секој две недели ќе бидам се побогата и побогата. Да живее Владата! – ни изјави девојката.

Маша без Медо

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top