четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Додека пратеник од СДСМ убедува да се гласа за промена на името, младите му испратија свои пораки (видео)

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов одржа прес-конференција пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Додека се одвиваше прес-конференцијата, група млади лица одлучија да испратат свои пораки.

Во време кога неговата партија со сите сили се обидува да го смени уставното име на земјава, претставникот на СДСМ на прес-конференција ги повикуваше и другите пратеници да застанат зад нивниот договор со Грција.

-Времето истекува, сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО или не? Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ја блокира иднината, секој пратеник треба да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, за подобар живот за сите граѓани. Ако тоа не се случи одиме на предвремени парламентарни избори. Гласот на мнозинството граѓани ќе одлучи за иднината во ЕУ и НАТО, порача Костадинов.

Но, младите зад него, испратија сосема поинакви пораки:

„Заев аболициран криминалец“!

„Сте прашале ли како живеат младите“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top