сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 21 ново

Марин сака да го обесштети инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“

Се надеваме на позитивно решение за стопирање на деветкатницата пред „Мајчин дом“, рече градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Тој пред новинарите објасни дека во тек се преговорите, но не изнесе детали. Извесно е само дека се работи за обесштетување на сопственикот на парцелата со пари.

-Маркичката за зградата не може да се избрише, затоа ќе одиме со обесштетување. Сѐ уште не сме дошле до одредена сума, но сопственикот на еден медиум изјави дека потрошил 5 до 6 милиони евра за купување на земјиштето и за комуналиите што ги платил на Град Скопе и општина Аеродром. Преговараме за обесштетување во кое би влегле токму трошоците што ги направил за купување на земјиштето, подготвениот проект и комуналиите. Можниот профит нема да го обесштетуваме како Општина Ародром – рече Марин.

Минатата среда, градежната инспекција на општина Аеродром ја стопираше изградбата на дееветкатницата поради недостатоци на градилиштето, а градоначалникот Марин најави дека во рок од 14 дена, колку што е стопирана градбата ќе се бара решение за трајно стопирање на деветкатницата. Рокот истекува следната среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top