четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба, соопштија од Охридско лето.

На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.

Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави и неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, информираат од фестивалската дирекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top