четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Од што најмногу стравуваат стјуардесите и други тајни од екипажот на лет

Кога некој ќе каже стјуардеса, најчесто помислуваме на насмеана личноста која ни е на услуга за време на лет. Така ги познаваме, па често и не препознаваме кога се исплашени, но некои од нив одлучија да зборуваат за тоа.
Неодамнешно истражување на приватната авиокомпанија Stratos покажува што всушност персоналот во авионот мисли за нас, од што најмногу стравува но и какви се меѓучовечките односи.

Стјуардесите повеќе стравуваат од оган отколку од киднапирање, пад или бомба

Речиси 96 отсто од испитаните стјуардеси велат дека пожарот им претставува најголем страв, поголем од која било друга ситуација. Ова има смисла бидејќи кислородот во кабината е под строга контрола, а најмала грешка под притисок може да доведе до фатални последици. Дури 85 отсто од нив се плашат од киднапирање, а 79 отсто од пад на авионот.

Стравуваат и од породување во авион

Дури 58,6 отсто од нив одговорија дека се плашат кога некоја патничка ќе почне да се пораѓа, во однос на тоа дека не се медицински подготвени и не знаат да реагираат во случај на компликации.

Им смета и кога мајките ги менуваат пелените на бебињата

Повеќето авиокомпании имаат обврска на мајките со бебиња во тоалетите да им обезбедат услови за промена на пелените. Сепак, повеќето од нив сметаат дека е сосема во ред да се заменат пелените на кое било друго место во авионот и на стјуардесите да им ги остават отпадоците.

Стјуардесите ги нервира и кога наеднаш станувате

Во моментот кога ќе слетате, не значи дека веднаш треба да скокнете од седиштето и да го соберете својот багаж. Овие постапки ги нервираат дури 71 отсто од кабинскиот персонал. Исто така, повеќе од половина од нив велат дека не поднесуваат кога некој ќе ги испружи нозете и на тој начин им го отежнува движењето во авионот.

Ве исмеваат

Речиси 62 отсто од стјуардесите велат дека се исмевале со некој од патниците или друг член од персоналот, а речиси 12 отсто тоа го правеле пред нив.

Има овде и дрога

Само 20 отсто од персоналот во кабините изјавија дека во некој момент биле под дејство на алкохол или дрога на работното место. Нивните колеги пак, сметаат дека тој процент е поголем, па дури 26 отсто од нив велат дека виделе свој колега да пие или консумира дрога при лет.

Но и секс

Во златната ера на летањето стјуардесите штом ќе се омажеа добиваа отказ. Денеска малку напредувавме, но секс за време на лет и понатаму има. 12 отсто од стјуардесите велат дека имале секс со пилотот за време на лет, а 15 отсто велат дека прифатиле додворување на патниците и дека по летот имале нешто со нив.

Многу луѓе сакаат секс во авион

Половина од испитаните стјуардеси забележале патници кои се обидуваат да имаат секс во тоалет, а од тие 2,5 отсто добиле повик да им се придружат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top