сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Трагично не напушти пред 11 години: Вечерта пред загинувањето, изјави нешто што ќе ве наежи!

Денеска се навршуваат 11 години откако Тоше Проески не е меѓу живите. Пејачот со ангелски глас, како што многумина го нарекуваа, почина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска.

Неговата смрт го шокираше регинот со оглед на тоа дека се работеше за пејач кој дојде и опстана на сцената благодарение на својот глас. Без скандал и контраверзно однесување. Тоше се избори за својата позиција и достигна статус на една од најпопуларните ѕвезди на Балканот. Го сакаа и колегите и оние кои го знаеја и оние кои не го знаеја, благодарение на музиката која ја правеше.

Своето последно интервју Тоше го даде една вечер пред загинувањето во емисијата „Вртелешка“ на Весна Петрушевска.

Тогаш зборуваше за своите планови за иднина, но и за емотивниот живот. Тоше беше миленик на женската популација, а неговата дологодишна девојка беше Андријана Будимир.

-Не сакам некоја девојка да биде со мене само затоа што јас сум Тоше Проески, туку поради она што навистина сум. Не ме интересираат материјални работи, мислам дека правите вредности кога тогаш мора да избијат во прв план. Така сум воспитан, знам кои се прави вредности- рече тогаш Тоше.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top