четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 53 ново

Македонија денеска гостува во Ерменија во четвртата рунда од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација денеска и гостува на Ерменија во обид да ја продолжи серијата од десет натпревари без пораз. Доколку избраниците на селекторот Игор Ангеловски успеат да освојат бод или три, уште вечерва можат да го обезбедат првото место во четртата група од Лигата на Нации дивизија –Д.

Капитенот на Македонија Горан Пандев верува дека може да се дојде до уште еден позитивен резултат.

– Ерменија располага со квалитетна селекција, знаевме од стартот дека тие ни се најголем ривал во групата. Имаме веќе три победи, но одлично се подготвуваме и верувам дека ќе дадеме максимум за нова победа. Добро ја анализиравме Ерменија, ја видовме на првиот натпревар во Скопје. Тогаш добро се подготвивме и заслужено славевме, изјави Пандев.

Натпреварот Ерменија – Македонија ќе почне во 18 часот на стадионот „Вазген Саргсијан“ во Ереван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top