вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Нов ден – нов Заев: Вчера „Нема да дозволам никој да го смени Уставот“, денес „Ќе го сменам Уставот“, утре – што ќе биде? (ВИДЕО)

Овој човек тврдеше дека нема да прифати промена на Уставот, за на крајот да прифати сè што бара Грција, вклучително и јавно признание дека ерга омнес е прифатлива опција

Македонија секогаш страдала од своите синови-изроди – оваа парафраза од една мисла на Гоце Делчев како никогаш досега одѕвонува во последнава година. Македонскиот Јуда, како што го нарекува народот премиерот Зоран Заев, прилично вешто, предизвикувајќи хаос, ја донесе Македонија во понижена положба во однос на Грција. Човекот кој не сакаше да дискутира за промена на Уставот, ги направи сите отстапки кои досега не ги направиле ниту еден претседател, ниту еден премиер на Република Македонија за на крајот да се гордее дека е првиот од премиерите кои прифатиле промена на името на Република Македонија.

-Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес, рече премиерот.

Овој човек тврдеше дека нема да прифати промена на Уставот за на крајот да прифати  сè што бара Грција, вклучително и јавно признание дека ерга омнес е прифатлива опција.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави премиерот Зоран Заев во февруари годинава. Три месеци подоцна, македонскиот премиер информира дека промена на Уставот ќе има и дека ќе се смени уставното име на Република Македонија.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев.

Во 2013 година, од позиција на лидер на опозицијата, Заев не мислеше така. При посетата на Струга, Заев ќе изјави дека „Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи промена на името на Република Македонија, доколку задира во нашиот идентитет и национална посебност“.

-Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави  тогаш Заев.

Изјавата која тогаш ја даде воопшто не наликува на она кое тој го прави денес. Денес, Заев во улога на премиер прифаќа сложено ерга омнес име за севкупна употреба и промена на македонскиот устав, што автоматски значи и промена на идентитетот на македонскиот народ.

Во април годинава,  Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат.

-Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ.

Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна, односно во спорот со Грција нема потреба од менување на Уставот.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени.

Заев во 2016: Се нема родено таков човек кој би го променил Уставот

Пред парламентарните избори во 2016 година, Заев посочи дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а истите биле посочени и одржувани и низ изминатите години.

-Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет, рече Заев.

Тој воедно тогаш порача дека не смее народот да си дозволи наводниот режим да го лаже и манипулира, доаѓа живот, а не уставни измени. За жал токму денес целата јавност е сведок на предлогот уставни измени поднесени токму од Зоран Заев кој за да ги задоволи апетити на Грција го менува тој одличен и Европски Устав.

-А што се однесува до Уставот, гарантирам, одличен Устав имаме, европски устав, Уставот нема да дозволам никој да го смени. Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува, нема менување на Уставот. Бидете спокојни не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже за да обезбеди нови четири години власт за уште да ве осиромашува, а тие да се богатат. Има надеж во Македонија, има надеж за секој од нас, за секој од вас промените се чувствуваат . Почитувани, секоја жртва вредеше, пишуваме историја, рушиме режим, носиме живот, мислете на утрото на 12-ти декември кога ќе се разбудиме надежни и слободни дека почнуваме живот. Еј живот во нашата Македонија, изјави тој.

Образложувајќи го предлогот за уставни промени премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат.

– Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајаќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.

Другиот избор, според него, ќе не фрли во изолација, и ќе ни ги врати назад политичките трауми што ги проживеавме во последните 27 години, а особено последните неколку години.

Дали Заев нуди амнестија за 27 април?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top