вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Пратеникот Димков: Се чувствувам загрозено и уценето по понудата за амнестија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Димков се чувствува загрозено и уценето по изјавата на премиерот Зоран Заев дека е подготвен да им понуди амнестија на обвинетите за настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.

-Научени сме Заев да даде изјава и цела машинерија потоа да објаснува што сака да каже. Тој можеше едноставно да каже да се помириме, но сега свесно кажа и сведоци сме на бројните реакции и беше дочекан на нож најпрво од најблиските, а потоа и од нас. Се чуствувам уценет и загрозен, изјави Димков на Топ тема, каде што учествуваше во Тв-дебата на темата „Помирување или помилување – скриена порака или погрешна интерпретација на обраќањето на премиерот Заев во Собранието? Што се е во игра зад сцената на пленарната дебата за уставни измени?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top