сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Сам со срамот: Ниту газот повеќе не му го сакаат – и децата ќе си ги продаде за разнебитување на државата

Премиерот Зоран Заев бара спас за себе од самиот себе во т.н. помирување, односно во понудена амнестија за, како што велеше година и пол и самиот, насилниците кои посегнале по животите на пратениците на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Ниту приврзаниците на политиките на СДСМ ниту опозицијата, а најмалку обвинитете во случајот „27 април“ прифаќаат амнестистија во замена за продажба на уставното име. Правда, а не амнестија, бараат обвинетите.

Граѓаните, активисти, професори, но и учесници во Шарената револуција на социјалните мрежи го искажуваат своето незадовослство и неодобрување на понудениот пазар на премиерот.

Сите потсетуваат на две суштествени работи: прво, дека амнестијата не е во доменот на премиерот на државата кој се замислува дека е цар, туку во независното судство и второ дека со месеци СДСМ и Заев не убедуваа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условувале со амнестија.

Денешниот непристоен предлог на Заев само уште еднаш докажа дека судството не е независно, туку под негова капа и дека не барало ВМРО-ДПМНЕ амнестија, туку тој се пазари со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top