четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Безживотно машко тело пронајдено вчера во дојранско

Вчера околу пладне во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село Севендекли, дојранско, на место викано „Ѓољџик“, било пронајдено починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето Г.Д. (73) од с. Собри. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top