вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Во Штип се одржа модниот перформанс со еко признак #Sustainablestorymk – Наши први експресии

Во организација на Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение се одржа модниот перформанснаречен #Sustainablestorymk – Наши први експресии вчера во Астибо фешн груп- АФГ во Штип.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева
Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева
под менторство на дизајнерката Ирина Тошева.


– Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување –
филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер.
Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема
ткаенина која е залудно потрошена а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен
заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови убави форми на модата – велат
организаторите.

Модниот перформанс е дел од проектот „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.
Во следната фаза учесниците ќе ги менторираат и гостите од Велика Британија односно талентираната
дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

За шминката на манекенките се погрижи „Gosh“, за фризурите „Clarissa Professional Macedonia“ во соработка
со „Студио Диор Штип“ и Зоки Давитков. Дерма бјути партнер на настанот беа „Vichy“. Креациите на
#Sustainablestorymk – Наши први експресии беа надополнети со долната облека од новиот македонски
бренд „Fjer“.

Иницијативата започна во септември годинава, со континуирани активности. Завршницата ќе се случи во
ноември, 2018 во рамките на Моден викенд Скопје (официјална локација на настанот „Скопје Мериот
Хотел“).
Проектот го реализираат Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение во соработка со
Министерството за економија на РМ, со поддршка од Министерството за култура на РМ во рамките на
манифестацијата „Нов културен бран 2018“ и Британскиот совет.

Активно учество и поддршка на „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“ дадоа и граѓанската
мрежа „АјдеМакедонија!“, Текстилното трговско здружение- Македонија во соработка со фабриките
„Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“, „Istkomerc Sanda“, компанијата “Екотип” со еколошките шишиња за вода
„Retap“, „СЕДЦ“ како и „Џолев и уметности“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top