вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Ова е причина поради која Бранко Црвенковски и Талат Џафери ги немало во избирачкиот список

– Имавме ситуација, последен пат кога е прочистен списокот се крена голема врева, тогашната опозиција тврдеше дека истиот е прочистен. Но, на овој референдум дојдовме до ситуација на избирачкиот список да го нема поранениот претседател на државата Бранко Црвенковски и Талат Џафери, вели во интервју за Инфомакс, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

– Се работи за управни постапки кои се водат пред МВР. Кога вие менувате било кој детал од вашата лична исправа, дали менувате адреса, дали е истечен рокот, во случај еве на Талат Џафери, по проверката се востанови дека се работи за промена на личните документи, им поминал рокот на старите документи се ваделе нови лични документи. Во таа ситуација, додека заврши таа управна постапка вие не сте во избирачкиот список. Тогаш вие самите треба да се пријавите во избирачкиот список, вели Деркоски.

Ист е случајот и со Бранко Црвенковски, додава првиот човек на ДИК и објаснува дека тоа е динамична категорија која постојано се менува.

– Инаку списокот и во 2016 година кога имаше вкрстени проверки, користење на бази на податоци на други институции што според мене не е добро, затоа што јас сметам дека тие институции не можат да имаат поажурни податоци од оној кој ги издава личните документи и исправи, вели Деркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top