четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Еве зошто Аца Лукас и Соња Вуксановиќ кријат дека се смирени

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се повторно во емотивна врска. Имено, сопружниците се разведуваа речиси една година, но, судејќи по зборовите на доброинформиран извор, успеале да ги надминат недоразбирањата и да ја обноват љубовта. Но тајно, а еве зошто…

„Аца и Соња од летово ги изгладија односите, но тој не размислуваше дека би можеле да ја обноват и љубовта и повторно да живеат заедно. Меѓутоа, неодамна Аца сакаше да ја води нивната ќерка Викторија на одмор во Турција, за што му е неопходна согласност од Соња. Кога и’ ги донесе документите за да ги потпише, на нив беа и резервациите за хотелот во кој ќе престојуваат, па бидејќи станува збор за луксузен ресот во кој седум дена одмор чинат 15.000 евра, Соња одлучи да тргне со нив“, открива изворот, додавајќи:

Меѓутоа, пријателите на Аца и на Соња се против нивното смирување. Соња ја советуваат дека Лукас не и’ е потребен во животот и дека треба да се разведе, но да остане во добри односи поради алиментацијата и ќерката Викторија, па затоа сопружниците одлучиле да кријат дека се повторно во љубовен однос.

„Заедно одат на вечери во ресторани и гостите можат да ги видат како се смеат и си наздравуваат. И двајцата не го спомнуваат она што се случи меѓу нив, но ќе мора да го расчистат доколку планираат да продолжат понатаму. Ваков епилог никој не очекуваше, но тоа е нивни живот и некаправат што сакаат“, заклучува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top