четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Алкалоид со уште еден убедлив триумф на ЕКК

Шахистите на Алкалоид го победија израелски Реховот Чесс Скул со 5,5:0,5 во второто коло од Европското клупско првенство во Порто Карас, Грција. Израелскиот претставник единственото реми го „извади“ на петтата табла каде за „фармацевтите“ настапи Павел Елјанов.

Останатите шахисти на „Алкалоид“ и во второто коло ја покажаа својата надмоќност, особено засилени со присуството на четвртиот играч во светот, Динг Лирен кој го замени Недев, и Јуриј Криворучко на местото на Филип Панчевски.

– Навистина, ми беше тешко да се одлучам кои шест играчи ќе го започнат дуелот. И Недев и Панчевски во првото коло одиграа велемајсторски, но сепак бев принуден да им дадам шанси и на останатите. Тоа се покажа како исправно бидејќи сите ја извршија поставената задача и постигнатиот резултат е реален, изјави капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.

Вториот наш претставник, „Гамбит Асеко СЕЕ“ во второто коло одигра нерешено со Е.С. Тесалоникис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top