четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

Лоши вести за Кабиб: Го чека многу пожестока суспензија отколку што се очекуваше?!

Иако Дан Вајт неодамна изјави дека според него Кабиб ќе добие суспензија од четири до шест месеци, сега простигнуваат нови информации за многу по жестока казна за Дагестанецот.

Откако го победи Кабиб и го одбрани појасот во лесна категорија тој тргна да се пресметува со еден од тренерите на Мекгрегор надвор од кафезот.
За таквиот потег сигурно ќе биде суспендиран, само се чека одлуката на Атлететската комисија, а според поранешниот УФЦ борец, Брендан Шауб таа ќе биде жестока.

„Кабиб ќе биде жестоко казнет. Слушнав дека го чека казна од 12 до 18 месеци суспензија. Ќе видиме, можеби Дан Вајт ќе изведе некој магичен потег пред комисијата“, изјави Шауб.

Како што споменавме Вајт неодамна изјави дека според него суспензијата треба да изнесува од 4 до 6 месеци.

Комисијата по повод ваквите случувања повторно ќе се собере на 24 октомври.

Извор: Спортски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top