среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Седум Србинки и две Албанки уапсени при полициска рација во угостителски објект во Тетово

Вчера вечер после полноќ, околу 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце, тетовско, информираат од МВР.

Притоа, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите (седум од Република Србија, две од Република Албанија и две од Република Македонија). Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top