петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Пилот со својот авион влета во срцето на ураганот Мајкл (Видео)

Додека сите се подготвуваа и бегаа од ураганот Мајкл, кој ги погоди САД, еден пилот со својот авион влетал директно во срцето на ураганот.

Не видена видео-снимка од ураганот Мајкл, кој ја разорна Флорида, беше обајвена од кабината на авинот на американските воздухопловни сили кои се задолжени за „снимање и следење“ на бурите и ураганите.

Моќта на ураганот може да се види на самиот почеток на видеото, каде што војникот се бори да ја задржи конторлата над леталото.

Дури по неколку секунди, небото се разведрува, како авионот да влегува во друга хемисфера.

Ураганот Мајк, е најсилниот во историјата на САД, тој удри вчера во утринските часови на Флорида, а со себе донесе ветрови со брзина и до 249 километри на час. Точниот број на загинати и повредени се уште не е познат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top