сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Заев и Анѓушев бараат извинување од ТВ Алфа

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев бараат јавно извинување од телевизијата Алфа, за погрешно интерпретирана изјава на премиерот. Од Владата со соопштение до јавноста велат дека изјавата на Заев е пренесена неточно и тенденциозно со свесна намера да се наруши угледот на Владата и на двајцата функционери.

Станува збор за прилог со наслов „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“, кој повеќе не може да се најде на веб страната на телевизијата.

Сепак Заев и Анѓушев од ТВ Алфа бараат јавно и децидно извинување за објавениот прилог со следната содржина:

„ТВ Алфа им се извинува на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласираните лажни информации во  прилогот насловен „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“. Изјавата на премиерот Заев е неточно и погрешно пренесена со што е објавена лажна вест со која се нанесува штета на угледот на премиерот Зоран Заев и на заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев“.

Од Владата додаваат дека се бара јавно извинување за објавениот прилог во истот термин и формат (вести) каде е емитуван прилогот. Во спротивно, велат, ќе бидат превземени сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на интегритетот на засегнатите страни.

Заев: Вината на Анѓушев не е докажана

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top