петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

Жардим ќе добие голема оштета за отказот од Монако

Поранешниот француски шампион Монако, го смени својот досегашен тренер, Португалецот Леонардо Жардим по ужасните резултати на стартот на сезоната и 18-то место за „кнезовите“ во француската Лига 1. Отказот на Жардим ги подгреа шпекулациите за доаѓање на француската легенда Тјери Анри на кормилото на овој клуб.

Но, заминувањето на Жардим, кој бешезаслужен за добрите игри на Монако и кој клубот го донесе и до шампионска титула и до полуфинале во Лигата на шампионите, скапо ќе го чини „малото кнежевство“, зошто тие ќе треба на португалскиот тренер да му платат отштета од седум милиони евра за предвремениот раскин на договорот.

Ианку, Монако за четири години успеа да инкасира неверојатни 750 милиони евра, пари кои главно дојдоа од продажбата на најголемите ѕвезди во изминатите година и половина, кога од клубот си заминаа Бернардо Силва, Килијан Мбапе, Фабињо и останатите од шампионскиот состав, а претходно беа продадени и Хамес Родригес, Ентони Мартиал…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top