петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Авион на „Ер Индија“ удри во ѕид при полетувањето (фотo)

Патнички авион на „Ер Индија“, кој полета од јужниот индиски град Триџија кон Дубаи, удри во ѕид на аеродромот веднаш по полетувањето.

Авионот „Боинг 737“ на индиската национална авиокомпанија со 130 патници и шестмина членови на екипажот е пренасочен кон Мумбај, каде што слета безбедно.

Компанијата „Ер Индија“ соопшти дека на двајцата пилоти, кои заедно имаат повеќе од 6.500  часови летање, ќе им биде забрането управување со авионите се до завршување на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top